Политика на приватност
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната Toptan, и објаснува како ТОПТАН ДООЕЛ (“Toptan”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.toptan.lol (toptan.com.mk), мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт. Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.
Видови на податоци кои ние ги собираме
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
– пристапувате или го користите нашиот сајт
– се регистрирате или зачленувате на topran.lol
– ги отворате или одговарате на нашите email пораки
– контактирате со нашата корисничка поддршка
– ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини
– купувате производи преку нашиот сајт
– се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи
– давате информации на наши Бизнис провајдери
Лични податоци
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ од нас , додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќањe повратни податоци на нас, поднесување на договор за соработка.Кога ќе нарачате производ, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на —–. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
Не-лични податоци
Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies”, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Како Toptan ги користи податоците
Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
– работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт
– понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи од нас нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација
– да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување
– да ви одговараме на Ваши барања и прашања
– анализа и спроведување на истражувања
– да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Toptan
– да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации
– да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас; – да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите
Кога и како Toptan открива податоци
Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница. Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”.
Социјални мрежи
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn). Toptan им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи.
Приватноста на трети страни
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.toptan.lol. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
Политика за заштита на лични податоци на деца (малолетни лица)
Toptan не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Toptan изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
